Заштитете ги вашите доверливи документи и податоци.

Архивскиот безбедносен сеф е посебно дефиниран простор со зголемена статика, контролирана микроклиматска околина и посебни мерки за безбедност и пристап. Архивскиот сеф ви овозможува чување и заштита на исклучително важни и вредни документи или на оние документи кои бараат посебни услови за чување. Чувањето во архивскиот сеф е сигурен и економичен избор за долгорочно складирање и архивирање особено за вашите електронски медиуми, хард-дискови, магнетни ленти, цеде, резервни копии, микрофилмови итн.

Карактеристики на архивскиот сеф

  • Поседува статика на својата конструкција од 9+ степени според Европската сеизмичка скала
  • Поседува и применува алармен систем за откривање и дојава на неовластен пристап
  • Обезбедува систем за рано откривање, дојава и гаснење на пожар, според сертифициран пп - елаборат
  • Обезбедува систем за рано откривање, дојава и гаснење на пожар, според сертифициран пп - елаборат
  • Се наоѓа надвор од сливно подрачје и речно корито
  • Поседува и применува двојно контролиран пристап (физички и електронски)
  • Обезбедува сертифицирана огноотпорност од 180 минути кон надворешно опкружување
  • Поседува елаборат за хигиенско-техничка заштита
  • Обезбедува константна и контролирана температура од 16 - 20 целзиусови степени и релативна влажност од 35 - 45%

Ви треба совет за правилно чување на вашите документи?

Контактирајте не и дознајте повеќе!