Сигурни и безбедни решенија за управување со вашите финансиски записи и критични информации.

Финасискиот сектор секогаш се соочува со предизвици, од развојните регулативи и надградувања на системите до потребата за зголемена безбедност на податоците и на документите.

Банките и другите финансиски институции секојдневно управуваат со огромен број документи од кои голем дел содржат чувствителни финансиски информации.

Обезбедувањето на овие податоци е од огромно значење, особено затоа што нарушувањето на безбедноста може да резултира со големи финасиски загуби и со нарушена доверба.

Контего им овозможува на банките и на финасиските компании безбедно чување и заштита на податоците (физички и електронски, безбедно уништување и решенија за дигитален пристап до потребните информации).

На пример, документите за кредитни заеми кои содржат сложени информации бараат внимателно следење на процесите и евиденција во текот на целокупното нивното постоење.

Вашите чувствителни документи и записи ќе добијат бар-код, ќе бидат индексирани и складирани во специјализиран архивски центар целосно обезбедени од надворешни влијанија и неовластен пристап.

Нашите сеопфатни решенија го поедноставуваат процесот на управување со документите и ви овозможуваат едноставно и брзо да управувате со вашите документи во текот на нивниот животен циклус.