Обезбедете сигурно, безбедно и ефикасно управување со вашите документи и останете фокусирани на она што е важно - успехот на вашиот бизнис.

Честопати сопствениците на мали и средни компании се соочуваат со предизвици во работењето кои бараат многу време и енергија а притоа располагаат со ограничен персонал и буџет, а планирањето и управувањето со документарниот материјал не претставува приоритет.

Нашето знаење и услуги кои ги нудиме во делот на складирање и управување со документи ќе ви помогне ефикасно да управувате со вашите документи и ќе ви овозможи да останете фокусирани на она што е важно - успехот на вашиот бизнис. Дополнително чувањето на документарниот материјал во несоодветни услови ја изложува вашата компанија на ризици од неовластено користење или оштетување на документите од секаков вид на непогоди.

Без разлика дали имате потреба од чување на вашите доверливи информации, скенирање на документи или безбедно уништување на хартиени документи, нашата компанија е секогаш подготвена да ви ја даде потребната помош, кога и да ви треба. Нашиот документарен центар нуди сигурно складирање на вашата документација, целокупна заштита на вашите документи од надворешни влијанија (поплава, пожар) во контолирана околина, обезбедена од несакан пристап од трети лица како и воспоставени и сертифицирани процеси кои овозможуваат целосна сигурност и тајност на вашите документи. Нашите решенија за складирање вклучуваат и платформа која ви овозможува следење и управувување со вашите записи преку интернет пристап.