Намлете ги трошоците и зголемете ја ефикасноста со оптимизирање на процесите за складирање и за управување со вашите документи и податоци.

Без разлика дали се работи за автомобилска, текстилна, машинска или индустрија за преработка на суровини и прехранбени производи, вашата компанија генерира огромен број документи во хартиена форма.

Нашите сеопфатни решенија за управување со документи и информации ви помагаат едноставно организирање и управување со вашите документи, заштеда на време и намалување на трошоците за складирање, брз пристап и лесно пребарување на документи и безбедно и трајно уништување на документите со изминат рок на чување.

Документарниот центар на Контего на клиентите им овозможува целосна заштита и безбедност, складирање на хартиени документи, електронски документи и хард-дискови во безбедни, климатизирани објекти и обезбедување целосен пристап до сите ваши податоци.

На клиентите им обезбедуваме пристап и следење во реално време до информациите и записите преку нашата веб-базирана платформа за управување со евиденцијата на документи. Можете бргу и лесно да вршите пребарување на скенирани документи, да побарате преземање или доставување на документи и да нарачувате дополнителни услуги. Вашите складирани документи се евидентирани и имаат бар-код што ви овозможува целосен увид во реално време.

Сега повеќе од кога било, производителите се соочуваат со притисок да ја зголемат продуктивноста и да го намалат времето за достава на бараните производи до барателите. Кога вашите документи ќе се дигитализираат и индексираат, ќе можете бргу да ги преземате податоците и да ги споделите со вашите соработниците, заштедувајќи време и зголемувајќи ја продуктивноста.

Контего на компаниите им помага да заштедат простор и да ги унапредат процесите со складирање на документи, со скенирање на документи, управување со записите и со решенија за уништување.