Заштедете простор и намалете ги оперативните трошоци.

Компаниите бараат начини како да ги намалат трошоците, да ја зголемат ефикасноста и бргу да ги опслужат клиентите..

Услугата е-архива ви нуди брз и едноставен пристап до сите ваши документи во реално време и според постоечките прописи. Работата со е-документи е исклучително брза, без чекање на документите од друга локација како и заштита од изгубени документи/податоци.

Нашиот софтвер им овозможува на клиентите онлајн пристап до сите свои физички и електронски податоци во секое време. Решението за управување со документи нуди сигурен, безбеден и флексибилен пристап до информациите за повеќе корисници од која било локација, користејќи веб-пристап до нашиот софтвер, додека пак специјалната енкриптирана заштита ги штити податоците.

Вработените можат безбедно да пристапат и да управуваат со документите во реално време од било која локација со што повеќекратно се зголемува продуктивноста.

Процесот на е-архивирање

Подготовка

Ние ги дефинираме параметрите на проектот (видови документи, критериуми за пребарување, број на лиценци) и предлагаме оптимални услови за имплементација.

Скенирање и индексирање

Ги дигитализираме документите (подготовка, скенирање, индексирање) ги именуваме со клучни зборови (мета-податоци) за да го идентификуваме секој документ недвосмислено, доколку е потребно, користиме OCR за целосно пребарување на текст.

Контрола и внес на податоци

Го следиме квалитетот и ги оптимизираме базите со дигитални податоци. Ги внесуваме скенираните документи како и евидентираните податоци за физичката архива во базата на податоците.

Пристап до апликацијата

Ние ви овозможуваме единствен пристап до Активвеб апликацијата и креираме листа на авторизирани корисниците и нивните права, дефинирани согласно со вашите потреби и интерни политики. Исто така, обезбедуваме обука за операторите и администраторите кои ќе работат со системот и архивата.

Безбедност

Пристапот до електронската архива (или нејзини делови) се одвива по строги сигурносни и безбедносни протоколи и со генерирање на пристап или лог за секоја активност од страна на корисниците согласно со листата за авторизиран пристап.

Софтвеското решение ви овозможува

  • Безбеден и сигурен пристап до архивата
  • Евиденција на архивираните документи и податоци
  • Брзо и едноставно пребарување на документи
  • Заштеда на време и трошоци
  • Ефикасно управување со деловните документите
  • Евиденција за тоа кој, кога и што прегледувал во вашата е-архива
  • Достава на барања за испорака на документи
  • Контрола врз пристап до документите и податоците

Ви треба совет за правилно чување на вашите документи?

Контактирајте не и дознајте повеќе!