Контего ДОО Скопје е етаблиран архивски дата-центар основан во 2010 година, кој нуди квалитетни услуги и решеније во делот на архивирање и управување со деловни документи, било тие да се во физичка или во електронска форма.
Долгогодишното искуство и постојано усовршување, како и посветеноста кон потребите на клиентите, гарантира безбедно и ефикасно архивско работење и управување со вашите податоци и документи - од физичко складирање и управување со документите до дигитализација и нивно чување во облак.
Без разлика дали чувате записи во хартиена форма или складирате дигитални документи во облак, Контего ви овозможува целосна безбедност и пристапност до вашите информации и записи.
Нашиот специјализиран архивски центар е целосно обезбеден од несакан или неовластен пристап и разни природни влијанија (поплави, пожари и сл.)
Целосната посветеност и доследната имплементација на стандардите за безбедност и квалитет, на клиентите им обезбедува ниски трошоци, ефикасно, безбедно и навремено управување и складирање на деловните документи.
Наша цел е да градиме долгорочна соработка и заемна доверба со сите клиенти.