Воспоставете ефикасна контрола врз управувањето и чувањето на вашите деловни документи.

Деловната документација, која е класифицирана како пасивна, онаа што се користи повремено, или ако е законски регулирана за зачувување на оригиналот во хартиена форма, се чува во архивскиот центар опремен со највисоки стандарди за складирање на документацијата.

Услугата за физичко архивирање ги опфаќа сите ваши потреби за управување со документите, обезбедува ефикасно и сигурно складирање на вашата документација, целокупна заштита на вашите документи од надворешни влијанија (поплава, пожар) и несакан пристап од трети лица. Нашите воспоставени и сертифицирани процеси овозможуваат целосна сигурност и тајност на вашите документи.

Контего ги евидентира, категоризира и архивира вашите документи и податоци. Врз основа на добиените податоци, развиваме индивидуално решение за архивирање и менаџирање на вашиот документарен материјал.

Ние нудиме преземање и испорака на документи, пристап и достава на записи и документи било во физичка или во електронска форма кога и да ви се потребни и ви овозможуваме да преземете контрола врз протокот на документите и податоците.

Процес на управување со документи:

Превземање

Нашиот тим прави проценка и преземање на документацијата од вашите простории.

Транспорт

Вашата документација се транспортира со наменски возила до нашиот центар за евиденција и складирање.

Евидентирање

Пристигнатите документите се евидентираат и се регистрираат со единствен баркод кој овозможува пристап до секој документ во секое време.

Складирање

Кога документите ќе бидат евидентирани, истите се пакуваат во архивски кутии и се поставуваат на обележана локација во архивското депо.

Испорака

Услугата за пребарување и испорака ви овозможува брза и ефикасна достава на бараните документи во физичка или електронска форма во зависност од вашите потреби.

Уништување

По истекот на законските рокови предвидени за чување на вашата документација ние се грижиме за нејзино безбедно и трајно уништување без разлика дали се работи за документи во хартиена форма или други архивски медиуми.

Предности од користење на нашите услуги

  • Контролиран и безбеден пристап до документите
  • Складирање на документите во депо со контолирани климатски услови
  • Ефикасно управување со деловните документите
  • Намалување на ризикот од загуба или оштетување на документите

Ви треба совет за правилно чување на вашите документи?

Контактирајте не и дознајте повеќе!