Со текот на времето вашите документите во хартиена форма го губат нивниот квалитет, текстовите бледнеат, прекумерната употреба ги оштетува, па дури и ги уништува. Единствениот начин на кој овие документи можат да бидат зачувани и складирани е да се дигитализираат (скенираат) пред моментот кога истите можат да бидат оштетени.
Ние ви овозможуваме вашите хартиени документи или други записи да ги конвертитрате во дигитален формат од траен карактер.
Доколку имате потреба од брз и безбеден пристап до вашите документи, нашата мисија е да го направиме процесот на дигитализација поедноставен.
Решенијата за скенирање, индексирање и складирање на документи и записи ви овозможуваат да ги чувате, организирате и да управувате со истите во дигитална форма од кое било место.
Сервисите за дигитализација ви овозможуваат скенирње на различни формати и димензии на документи: стандардни формати на документи (А4, А3), документи со големи формати (А2, А1, А0) како и во различни излезни формати: PDF, PDF/A,TIFF, JPG, BMP и сл.
Нашиот центар за дигитализација, исто така, поседува технологија и опрема која овозможува конвертирање на рендген-снимки и микрофилмови во дигитална форма.
Услугите за планирана дигитализација или дигитализација на ваше барање овозможуваат целосна контрола на вашите документи.
Услуга за скенирање по потреба се користи како брза и лесна алтернатива за испорака на физички документи. Оваа опција овозможува селективно скенирање само на оние документи кои ви се потребни во дадениот момент.
Услугата за планирано скенирање ви овозможува редовно скенирање по однапред дефиниран план која најмногу одговара на вашите бизнис барања. Оваа опција се користи доколку е потребно целосна дигитализација на деловната документација при што скенирњето на документи може да се врши квартално, месечно, неделно, дури и дневно, во зависност од потребите на клиентите.
Процесот на дигитализација се врши во просториите на клиентот. Идеален процес за клиенти кои континуирано ги користат своите документи. Во овој случај, Контего обезбедува неопходен хардвер и персонал за брзо и прифатливо креирање на електронска архива.