Без оглед на големината или секторот на вашиот бизнис во одреден момент потребно е да се ослободите од документацијата со изминат рок. Нашите процеси ќе ви обезбедат сигурно, безбедно и трајно уништување на вашите доверливи деловни документи согласно со европските стандарди (наткласа P-7 по DIN 66399).
Правилното и безбедното уништување на документацијата е исто толку важно како и управувањето со истaта, без разлика дали се однесува на документација во хартиена форма или за елктронски носач на податоци.
По истекот на законските рокови предвидени за чување на вашата документација ние се грижиме за нејзино безбедно и трајно уништување. Уништувањето на документација со изминат рок на чување се врши исклучиво врз основа на доставено писмено барање и потврда за уништување од страна на имателот на документацијата.
Нашиот тим ќе ви помогне за безбедено, ефикасно и економично уништување на вашите доверливи документи..